Доколку немате идеја што да вечерате во овие топли денови, еве една брза вечера што можете да ја јадете и следниот ден.
Вечера која и почетниците во кујната ќе можат да ја подготват. Се состои од зеленчук и е исклучително лесна, па можете да го јадете дури и доцна навечер бидејќи нема да ве дебелее.
Се подготвува за 35 минути, а следниот ден е исто така вкусна.
- Прашок за пециво – 10 гр
- Јајца – 4 парчиња
- црн пипер – 2 гр
- Маслиново масло – 40 ml
- Млеко – 40 ml
- Брашно – 120 гр
- Компири – 2 парчиња
- Морков – 2 парчиња
- Праз – 1 парче
- Зелка – 500 гр
- Пиперкаа – 1 парче
- Магдонос – 10 гр
ПОДГОТОВКА
Зеленчукот произволно исечкајте го (можете да го исечете или изрендате, како што сакате), соединете сè во еден сад, додадете магдонос и добро измешајте.
Потоа изматете ги јајцата, додајте млеко, маслиново масло, сол, бибер, сè убаво измешајте и потоа додадете брашно и прашок за пециво. Додадете ја смесата во садот со зеленчукот. Сите состојки убаво измешајте ги и истурете ги во плех обложен со хартија за печење. Распоредете рамномерно и печете 20 минути во рерна загреана на 180 степени.
Потоа се трга од рерна и се додава 100гр рендано сирење и 20гр црн или бел сусам. Потоа вратете ја во рерна да се пече на иста температура уште 15 минути.
Се сече на парчиња и вечерата е подготвена за послужување! Пријатно!