Ако сте гладни и не знаете што да јадете, тогаш можете да направите домашни меки пити, закуски со јогурт. Овие брзи залаци се идеални за појадок, вечера или ужина, бидејќи лесно се подготвуваат и се готови за само неколку минути.
Состојки:
- 2 чаши 200 грама брашно
- 150 мл јогурт
- кора од лимон
- 1 прашок за пециво
- 2 јајца
- сол
- масло
Подготовка:
1. Во сад се матат јајцата, па се додава јогуртот, брашното со прашокот за пециво, прстофат сол и ако сакате слатки, кората од лимон.
Добро измешајте ги сите состојки и замесете фино мазно тесто. Тестото треба да биде меко и да не се лепи на допир.
3. Тестото развлечете го на работната површина со дебелина од околу еден прст и потоа исечете го на стапчиња или во саканата форма.
4. Во тава за пржење загрејте го маслото на умерена температура.
5. Закуските се ставаат во загреано масло и се пржат додека не поруменат од двете страни.
6. Извадете ги закуските од маслото и ставете ги на хартиена крпа за да се впие вишокот масло.