Состојки:
– околу 300 гр свежи смокви
– 100 гр ореви
– 150 гр путер
– 140 гр брашно
– 1 лажичка прашок за пециво
– 1 лажичка цимет
– 3 јајца
– 1 лажичка екстракт од ванила
– 100 гр бел шеќер
– 100 гр кафеав шеќер
– шеќер во прав за посипување
Подготовка:
Измешајте го путерот на собна температура со шеќерот, додадете ги јајцата и екстрактот од ванила, па измешајте сè заедно.
Во оваа смеса двапати додадете брашно измешано со прашок за пециво и зачини. На крајот рачно измешајте ги ситно сечканите ореви и смоквите.
Колачот се пече на 180 степени, готов е кога ќе прободите чепкалка во средината и останува сув.
Изладениот колач посипете го со шеќер во прав и послужете.
Пријатно!