Печените тестенини се економичен и едноставен оброк што дури и почетниците можат да го подготват. За неговата подготовка се потребни 20 минути и неколку состојки.
Овој ручек е идеална опција кога сакате да јадете тестенини на поинаков начин.
Состојките што ќе ви бидат потребни се:
- едно пакување тестенини
- 500 грама свежо сирење
- 200 грама кисела павлака
- 50 грама рендан кашкавал едамер
- две јајца
- сол, бибер
Подготовка:
За почеток, варете ги тестенините на таканаречен „ал денте“ и не заборавајте да додадете многу сол додека ги готвите тестенините. Додека се варат тестенините, во сад измешајте свежо сирење, павлака, јајца и малку сол и бибер или некој друг зачин.
Кога тестенините ќе се сварат, измешајте ги со останатите состојки и префрлете ги во садот за печење. Над тестенините ставете рендан едамер или друг сличен кашкавали и ставете ги во рерна. Тестенините треба да се печат на 200 степени додека да се растопи кашкавалот.