Странските медиуми објавија загрижувачка вест дека итна помош денес пристигнала во домот на познатата актерка Брижит Бардо, откако пријавила тешкотии со дишењето.
Сопругот на познатата Французинка, Бернар Д’Ормал, ја потврди оваа вест, а потоа го разјасни целиот инцидент кој се случил во нивната вила во Сен Тропе.
„Околу 9 часот наутро Брижит Бардо почна да има проблеми со дишењето. Дишеше побрзо и поинтензивно од вообичаено, но не ја изгуби свеста. Тоа беше момент на одвраќање“, рекол Бернар Д’Орма.
Тој додал дека екипата за итна помош ја ставила 88-годишната дива на кислород и дека останале некое време внимателно да ја испитаат нејзината состојба.
„Како и сите луѓе во старост, таа повеќе не може да ја поднесе жештината. Тоа се случува на 88 години. Таа не смее да се изложува на непотребни напори“, заклучил тој.
Да потсетиме, Брижит Бардо снимила 47 филмови пред да се повлече од филмската индустрија во 1973 година. Кариерата ја започнала на само 15 години, кога ја краси насловната страница на магазинот Elle. Таа е родена и израсната во Париз, а се занимавала со балет пред да се занимава со манекенство и глума. Брижит Бардо стекна светска слава и до ден денес останува една од најголемите секс симболи и најубавите жени на сите времиња.