Брижит Макрон носеше мини здолниште во екот на скандалот: првата дама на Франција повторно крена бура со своите витки нозе

Брижит Макрон се појави во јавноста неколку дена откако Апелациониот суд во Париз пресуди дека гласините дека првата дама на Франција е родена како маж не се клевета. Таа присуствуваше на прославите по повод Денот на Бастилја.

Брижит Макрон  се појави во црно-бел ансамбл, фустан со рамен крој и палто украсено со геометриски прецизни црни детали. Таа ги носеше и своите омилени чевли со јакни, а не погреши и во изборот на чанта.

Нозете на Брижит Макрон во прден план

Беспрекорно стилизираната Брижит Макрон го претстави еден од своите најдобри модни изгледи досега, покажувајќи ги своите витки нозе. Случајно или не, ова доаѓа по судска пресуда која ја остави длабоко повредена, според извори блиски до првата дама на Франција.

Таа ќе бара правда во Касацискиот суд во Франција. Сопругата на Емануел Макрон не присуствуваше на одлуката на судот по жалбата поднесена од Рој и Реј бидејќи се враќаше од државна посета на Велика Британија, објавува „Дејли меил“ .

Амадин Рој и Наташа Реј првично беа прогласени за виновни за клевета и им беше наредено да платат по 1.700 фунти, казната на првата беше намалена на 850 фунти, додека втората плати само 400 фунти, според новата судска одлука.

Брижит Макрон ја тужеше Наташа Реј, жена која тврди дека првата дама на Франција е родена како маж , за клевета во април 2024 година. Рочиштето беше забрзано, па наместо во март 2025 година, беше закажано многу порано, за 19 јуни 2024 година, на барање на адвокатот на сопругата на Емануел Макрон, а по тврдењата на Реј дека Брижит е родена под името Жан-Мишел Троние.

Новинарката Наташа Реј ги изнесе обвинувањата за Брижит Макрон во интервју за Јутјуб во 2021 година, а гласините се шират оттогаш, рече адвокатот на француската прва дама, барајќи сослушувањето да се забрза бидејќи се појавија загрижености откако ваквите гласини се проширија надвор од Франција во Америка.