Брижит Макрон уште еднаш одржа модна лекција на отворањето на Нотр Дам: Елегантно и префинето, како што треба (фото)

Катедралата Нотр Дам се отвора по неколкугодишно реновирање поради пожарот што го зафати овој историски споменик на 15 април 2019 година.   

Францускиот претседател Емануел Макрон одржа краток говор во новоотворената катедрала Нотр Дам во кој ја изрази „благодарноста на француската нација“ за оние кои помогнаа во обновувањето на иконата.

Најголемата поддршка на Емануел Макрон беше неговата сопруга Брижит Макрон, која уште еднаш го привлече вниманието на сите модни познавачи. Таа за оваа пригода избра црно палто, црни салонки, црна марама и црна чанта кои му дадоа дополнителен шмек на софистицираност на овој специјален настан.

Црното, во овој контекст, често се доживува како боја на почит, сериозност и тага, но и сила. Додека Нотр Дам повторно оживеа, Брижит оддаде почит не само на самата катедрала, туку и на загубите што ги претрпеа Париз и Франција, вклучувајќи ја и трагедијата што го погоди симболот на нивната историја.

Брижит долго време ја носи неофицијалната титула на една од најдобро облечените први дами. Елеганцијата секако е нејзиниот печат кој го дава на секоја комбинација, а многумина се воодушевуваат на фантастичните костими кои таа внимателно ги избира за секоја пригода.