Брижит Макрон неодамна се појави во најкласичниот костум, украсен со повеќе од забележливи сребрени детали. Тие се толку забележливи што прво ги гледате, па дури потоа остатокот од стајлингот.
Сопругата на францускиот претседател Емануел Макрон најчесто избира модни класици, иако може да прави вистински екскурзии во модата избирајќи шик детали како ново модно издание (скрол).
Ријана форсира ретро елеганцијата, а како и се што е поврзано со нејзиниот стил на облекување, мора да додаде шмек на необичното, па сè зачини со оригиналност. Ниту ретро, ниту елегантно на нејзиниот начин не е нешто што го гледате секој ден.
Да потсетиме, Ријана неколку пати се сретна со Емануел Макрон, во 2017 година во Париз разговараа за подобрување на образованието, а во 2018 година во Сенегал за помош на образованието во неразвиените земји. Пејачката го насочи своето влијание на други полиња освен музиката и е исклучително успешна во бизнисот со нејзината убавина и моден бренд.