БРИКС се шири? Друга земја поднесе барање за членство

Малезија испрати писмо до Русија со барање да се приклучи на БРИКС, изјави денеска малезискиот премиер Анвар Ибрахим.

„Малезија испрати писмо до Русија, како претседавач со БРИКС, со барање да се приклучи на таа организација, а исто така изрази отвореност да учествува како земја членка или стратешки партнер“, рече Ибрахим во изјавата, пренесува РИА Новости.

Ибрахим се сретна со рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров во посета на земјата. Според малезискиот премиер, разговорот бил фокусиран на барањето на Малезија да се приклучи на БРИКС, што, според него, ќе има значителен потенцијал за двете страни.

„Русија го поздравува интересот на Малезија за БРИКС и ќе помогне да се промовира тој интерес“, изјави во неделата рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров.