Британец погрешно поминал 38 години во затвор

Британски државјанин погрешно поминал 38 години во затвор.

Питер Саливан, кој сега има 68 години, беше погрешно осуден во 1987 година за убиство на млада жена во северозападна Англија.

Тој отсекогаш ја негирал вината, додека адвокатите претходно двапати се обиделе да се жалат на одлуката, но без успех, објавува „The Guardian“.

Новите ДНК тестови покажаа дека ДНК-та на Саливан не била присутна во примероците зачувани од местото на злосторството.

Наместо тоа, отпечатоците од стапала му припаѓале на друг непознат човек.

Апелациониот суд на Велика Британија ги отфрли обвиненијата за убиство против Саливан и тој ќе биде ослободен од затвор.

Како што истакнува весникот, ова се смета за најдолгата судска грешка во историјата на земјата.