Веројатно барем еднаш во животот сте посетиле битпазар и сте ја погледнале понудената стока, очекувајќи да најдете нешто интересно или вредно.
Истото го мислела и Британката Дебра Годард кога пред 33 години ги посетила тезгите и пронашла прекрасен прстен кој и бил понуден за десет евра. Цената не била важна, па решила да го купи.
„Златарот за малку ќе се онесвестеше. Ме праша: „Знаеш ли што е ова?“ Цела ноќ останав будна размислувајќи што да правам“, изјави Дебра.
На крајот, таа го испратила прстенот во познатата аукциска куќа „Сотби“, каде што била потврдена неговата вредност, пренесува thesun.
Наскоро била организирана аукција и дијамантскиот прстен бил продаден за 500 илјади евра.
Ring bought at boot sale for £10 and kept in a box for 33 years is DIAMOND worth £740,000https://t.co/czgmPIeSEX pic.twitter.com/OLV0LCm23P
— The Scottish Sun (@ScottishSun) February 3, 2019
Дебра сè уште живее во Западен Лондон и цело време се труди да и угоди на мајка си.
„Таа го помина својот одмор на Барбадос, ги виде Том Џонс и Селин Дион во Лас Вегас. И купив бунда. Парите не ми се важни“, нагласи таа.
Во меѓувреме, жената основала компанија која продавала винтиџ накит и напишала книга за нејзиниот живот.
„Волонтирам во добротворна организација за деца кои побегнале од дома. Ако оваа книга ми донесе пари, ќе ги донирам на нив и на младинските лидери“, заклучи таа.