Британската Барби потроши цело богатство на козметички зафати: Но сега сака нешто друго

Рејчел Еванс, позната како британската Барби, откри интересни планови за иднината кои изненадија многумина.

Еванс потроши повеќе од 32.000 фунти на пластични операции за да изгледа како барбика, а сега откри дека сака поприроден изглед на Маргот Роби.

Таа им се придружи на Алисон Хамонд и Дермот О’Лири на This Morning и призна дека отишла предалеку за да ја постигне „пластичната естетика на Барби“, велејќи дека тагата поради семејните загуби ја натерала „да сака да се скрие“, пренесува Дејли Меил.

Таа рече: „Оваа зависност од зголемување на усните, поголеми образи, ниту една брчка на повидок, мислам дека отиде малку предалеку“.

Ахел истакна дека нејзината фасцинација со Барби започнала во средината на 30-тите години и дека дотогаш веќе имала руса коса.