На светската тениска сцена би можеле да добиеме не само нов спортски пар, туку и романтичен. Двајца млади асови, Карлос Алкараз и Ема Радукану, двајцата на 22 години, се сè почесто заедно – и на теренот и надвор од него.
Неодамна беше потврдено дека Алкараз и Радукана ќе играат заедно во мешани двојки на Отвореното првенство на САД, кое се одржува на 19 и 20 август. Самата вест предизвика возбуда кај навивачите, но сега гласините отидоа чекор понатаму.
Во саботата, Радукану се појави на трибините на престижниот клуб „Квинс клуб“ во Лондон, каде што ја гледаше полуфиналната победа на Алкараз против сонародникот Роберто Баутиста Агут. Присутните забележаа дека Ема не ги криеше своите емоции додека го бодреше Шпанецот, што веднаш предизвика лавина од коментари на социјалните мрежи.
„Мислам дека е опседната со него“, напиша еден корисник на Инстаграм, додека друг заклучи: „Тие би биле совршен пар во реалниот живот“.
По натпреварот, Алкараз не беше рамнодушен од присуството на Ема на трибините.