Британска пејачка открива бизарна средба со Дикаприо: Наместо да се забавуват гледалe телевизија

Британската пејачка и поранешна ѕвезда на „Икс Фактор“, Дајана Викерс, неодамна во подкастот „Just Between Us“ зборуваше за необично искуство што го имала во домот на славниот Леонардо Дикаприо.

Имено, таа рекла дека, очекувајќи забава, била изненадена кога наместо тоа се нашла во ситуација каде што седела со него и гледала телевизија, што го опишала како „навистина бизарен момент“.

Дијана шпекулираше дека можеби е дел од необична динамика: таа мисли дека Дикаприо има „систем“ – се опкружува со атрактивни пријатели кои потоа му носат убави девојки. Таквата практика, објасни таа, не е невообичаена во Холивуд, каде што моќта и славата можат да создадат средина во која некој не сака да расте.

За време на интервјуто, Викерс исто така призна дека повремено излегувала со помлади мажи. Нејзиниот последен партнер бил пет години помлад, а таа призна дека разликата понекогаш предизвикувала проблем – поради неговата незрелост и нејзините сопствени реакции, не успеала да воспостави вистинска емотивна врска.

Да потсетиме дека Леонардо Дикаприо неодамна даде интервју и за британскиот „Ескваер“ каде искрено зборуваше за тоа како неговиот поглед на романтичните врски се менувал низ годините.

„Влегувањето во педесеттите години носи чувство дека сакате да бидете отворени и да не губите време. Не сакате да се преправате, не сакате да инвестирате енергија во нешто што не функционира. Мајка ми денес точно кажува што мисли и не губи време, и токму тоа ме инспирира“, рече тој, меѓу другото.