Кернс во денешниот говор на седницата на Парламентот на Велика Британија изјави дека оружјето од Србија се шверцува со амбулантни возила, а потоа се истоварува во православните цркви.
– Затоа безбедносната слика е толку сурова. Предолго не успеавме да ги повикаме вооружените српски милиции кои дејствуваат на северот на Косово. Владата е свесна, со војниците кои штотуку се вратија од служба во КФОР, дека оружјето преку граница се шверцува во православните цркви со амбулантни возила. Кога нашите војници се обидуваат да добијат дозвола процедурата траеше премногу долго. До добивањето на дозволата, во црквата се појавува брза помош и повторно го вади оружјето – изјавила Кернс во својата скандалозна изјава.
Таа додаде дека е „многу загрижена поради фактот што Британија и’ продава муниција на Србија“.
– Со оглед на тоа што српската антитерористичка полиција изврши напади и киднапираше тројца косовски полицајци, од каде знаеме дека ништо што сме и’ продале на Србија не се користи во тој контекст – праша Кернс.
Скандалозниот говор на британската парламентарка, која неодамна се сретна со Албин Курти во Лондон, денеска го пренесоа порталите на албански јазик во Приштина.