Бритни Спирс на својот Инстаграм профил објави уште една снимка меѓу другите во оскудно издание..
Имено, таа се снимила како се извртува гола во својот кревет под изговор дека е воодушевена од новиот скле-ап градник на Victoria’s Secret.
„Конечно најдов градник на Викторија Сикрет кој не е болен за носење! Обожавам градници со пуш ап, но не ги сакам обложените. Овој е генијален. Ги подига градите и нема подлога. Изработен е од свила. Воопшто не се чувствувам како да го носам, а бојата е прекрасна“, напишала 42-годишната поранешна поп принцеза, додека во фокусот на видеото се нејзините гради, но и останатиот дел од телото може да се види во долна облека.
„Моите 40-ти не ми можат ништо. Оваа година наполнив шест години. Во секој случај се чувствувам како да имам шест години“, додаде таа.
Популарната пејачка на својот Инстаграм профил редовно објавува полуголи, па дури и целосно голи фотографии со што ги шокира нејзините фанови.