Брнабиќ ги повикува студентите во блокада да не користат насилство и да не заземаат институции

Претседателката на српскиот Парламент, Ана Брнабиќ денеска изјави дека насилството во Србија никогаш нема да победи и ги повика студентите кои се во блокада да не користат насилство и да не се обидуваат да ги заземат институциите бидејќи токму тоа го сакаат сите оние кои не и посакуваат добро на Србија.

Таа упати апел до студентите преку социјалната мрежа Х да се придржуваат до студентскиот едикт од Ниш што самите го донесоа и да обезбедат еднакви права за своите колеги, студенти кои само сакаат да учат, да продолжат со студирањето.

„Правдата, солидарноста и силните институции се она што и треба на Србија, а не омраза, насилство и анархија“, напиша таа.