– Српската премиерка, Ана Брнабиќ, денеска на Бледскиот стратешки форум изјави дека нејзината земја чека повеќе од 20 години на членство во ЕУ и дека граѓаните се веќе заморени, бидејќи што и да направат не доволно добро, но и дека никој на Западен Балкан нема подобра опција од ЕУ.
Таа посочи дека Северна Македонија го сменила името и дека сè уште има потешкотии да добие датум за почеток на преговорите, а Србија и 10 години од почетокот на преговорите се уште е во преговори.
Датумот за почеток на преговори значи многу за Западен Балкан, но не и за Европската Унија, рече Ана Брнабиќ и додаде дека ЕУ гледа на Западен Балкан како да што и да направи не е доволно добро.
-Тоа е како на девојче да и кажеш дека здолништето и е предолго, пресоблечи се, а потоа велат е сега е прекратко, пресоблечи се, сега ти се долги ракавите. Ова е бескраен процес и навистина да не знаеш што да правиш, луѓето се уморуваат, изјави Брнабиќ.
Таа посочи дека никој на Западен Балкан нема подобра опција или план Б, бидејќи станува збор за европски земји, кои се наоѓаат во средината на ЕУ.
-Добро кажа албанскиот премиер Еди Рама – не се работи за проширување, туку за довршување, ние сме опкружени со ЕУ. Ние сме географски, културно, историски дел од Европа. Нашите работни места доаѓаат од компании од ЕУ, инвестициите се од ЕУ, извезуваме или во ЕУ или во регионот. Би било добро за нас, но и за ЕУ, конечно да го направи тој конечен чекор, со политичка одлука да го прифати Западен Балкан, рече Брнабиќ.