Бројката на загинати од последиците на разорниот земјотрес што го потресе Мароко се зголеми на 2.946, а 5.674 лица се повредени, соопшти мароканското МВР.
Министерството за внатрешни работи на Мароко објави ажурирана информација за последиците од земјотресот што се случи ноќта на 8 септември.
Во соопштението се наведува дека досега се погребани 2.944 жртви на земјотресот.
Потврдено е дека бројот на загинати е зголемен на 2.946, а бројот на повредени на 5.674.
Земјотрес со јачина од седум степени според Рихтеровата скала се случи ноќта на 8 септември во Мароко, со епицентар во областа Ел-Хуз во Маракеш.
Покрај Маракеш, земјотресот ги погоди и главниот град Рабат и градовите Казабланка, Мекнес, Агадир и Фес.