– Бројот на загинати во поплавите предизвикани од експлозијата на браната „Каховка“ во Украина минатиот месец се искачи на 50, објави денес руската државна новинска агенција ТАСС.
„Пронајдени се уште две тела. Бројот на загинати се искачи на 50, додека 137 лица се хоспитализирани“, соопшти новинската агенција, повикувајќи се на локалните служби за итни случаи.
Москва и Киев меѓусебно се обвинуваат за изведувањето на нападите на 6 јуни, кои доведоа до уништување на ѕидовите на браната, што резултираше со поплави на околното подрачје.