– Повеќе од шест милиони палестински бегалци се регистрирани во Агенцијата за бегалци на Обединетите нации, УНРВА, објавија палестинските власти денес.
Во соопштението по повод Светскиот ден на бегалците, палестинското Централно биро за статистика соопшти дека 2,5 милиони бегалци живеат на Западниот Брег и Појасот Газа, што претставува 42 отсто од регистрираните палестински бегалци.
Во соопштението се вели дека бегалците сочинуваат околу 66 отсто од населението на Појасот Газа и 26,3 отсто од населението на Западниот Брег.
Според соопштението, околу 40,2 палестински бегалци во дијаспората живеат во Јордан, 9,7 отсто во Сирија и 8,2 отсто во Либан.
„Овие проценки го претставуваат минималниот број палестински бегалци, имајќи предвид дека тие се нерегистрирани бегалци, бидејќи оваа бројка не ги вклучува оние Палестинци кои беа раселени по 1949 година до војната во јуни 1967 година“, се вели во соопштението.
„Исто така во проценката не се вклучени Палестинците кои заминале или биле депортирани во 1967 година поради војна и оние кои не биле бегалци на прво место“.