Бројот на активни пушачи во Македонија според истражувањето на Институтот за јавно здравје (ИЗХП) е 45,4 отсто.
Само 5 отсто од граѓаните успешно се откажале од пушењето во последните години.
Употребата на тутун кај нас е многу висока.
„Има многу мала посетеност во советувалиштата за откажување од пушење кои функционираат во рамките на центрите за јавно здравје низ државата. Во 2023 година во советувалиштата за откажување од пушење дошле само 43 лица, што е многу мал број. Со други зборови, нема голем интерес за откажување од пушењето кај населението“, велат од Институтот.
Потсетуваме дека пушењето е еден од најголемите ризици за здравствени нарушувања.