– Најмалку 55.104 Палестинци се убиени во геноцидната војна на Израел од октомври 2023 година досега, соопшти Министерството за здравство денес.
Во соопштението на Министерството за здравство на палестинската енклава се вели дека во последните 24 часа во болниците биле донесени 123 тела, а 474 лица биле повредени, со што вкупниот број повредени во израелските напади достигна 127.394.
„Многу жртви сѐ уште се заробени под урнатините и на патиштата бидејќи спасувачите не можат да стигнат до нив“, се вели во соопштението.
Израелската армија ненадејно ја продолжи воздушната кампања во Појасот Газа на 18 март, при што се убиени 4.821 луѓе, а повредени се над 15.535 и покрај договорот за прекин на огнот и размена на затвореници од јануари.
Во ноември минатата година Меѓународниот кривичен суд издаде налози за апсење на израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху и неговиот поранешен министер за одбрана Јоав Галант поради воени злосторства и злосторства против човештвото во Газа.
Израел е обвинет за геноцид пред Меѓународниот суд на правдата за неговите постапки во енклавата.