Бруклин Бекам коментираше за својот однос со сопругата Никол Пелц Бекам, за која тврди дека многу му помогнала да остане фокусиран на работата.
Двојката присуствуваше на натпреварот „Рајдер куп“ на славните, каде што Бруклин зборуваше за тоа како се справува со животот во медиумското внимание и како се справува со критиките.
„Секогаш ќе има луѓе кои ќе кажуваат негативни работи, но јас имам многу поддржувачка сопруга. Таа и јас едноставно си ја работиме нашата работа и сме среќни“, изјави тој за Дејли Меил.
Она што луѓето го кажуваат за неговиот приватен живот е нешто за кое Бруклин тврди дека не сака да се грижи бидејќи „сите секогаш ќе зборуваат глупости“.
Бруклин и Никола почнаа да се забавуваат во октомври 2019 година, а откако ја објавија свршувачката во 2020 година, се венчаа во април 2022 година во Флорида. Минатиот месец, двојката ги обнови своите брачни завети.
„Настанот е посветен на оддавање почит на љубовта и посветеноста што ја изградија заедно низ годините и создавање спомени што ќе останат со нив засекогаш“, изјави претходно извор близок до двојката.