– Речиси една година откако семејството на Брус Вилис (67) објави дека славниот глумец се повлекува од светот на филмот бидејќи му била дијагностицирана афазија, неговите семејство сега соопшти дека тој има фронтотемпорална деменција (ФТД) и оти состојбата со здравјето му е влошена.
„Од една страна, ова е болно сознание, но олеснување е да се има точната дијагноза. ФТД е сурова болест за којашто многумина од нас никогаш не слушнале и може да влијае на секого“, се вели во соопштението од семејството на Вилис.
Можеби еден од најпознатите акциони глумци-херои во историјата на филмот, лани се повлече од глумата. Во мигов е актуелен со акционите „Рајски град“ (Paradise City), трилогијата „Детектив Најт“ (Detective Knight) и последниот филм каде што Вилис глуми – „Атентатор“ (Assassin), којшто излегува на 31 март.