Холивудскиот актер Брус Вилис неодамна беше снимен од папараците додека вози како гледа во минувачите на патот.
По долго време актерот се снимаше во јавност, а ова е едно од ретките излегувања откако му е дијагностицирана фронтотемпорална деменција.
Камерата го „уловила“ додека се возел низ Лос Анџелес со пријател, а тој цел пат ги гледал минувачите. На фотографијата се гледа дека актерот изгледа многу постар и поуморен. Тој седел на совозачкото седиште и бил облечен во спортска облека, со капа на главата.
Потсетуваме, минатата година семејството на познатиот актер објави дека на Вилис му била дијагностицирана афазија, состојба која му пречи на способноста да зборува и пишува и дека се повлекува од актерството.
Неколку месеци подоцна добил друга дијагноза и било утврдено дека боледува од таканаречена фронтотемпорална деменција, која е резултат на наследни или спонтани нарушувања кои предизвикуваат влошување на фронталниот, а понекогаш и темпоралниот лобус на мозокот.