Пред речиси една година цел свет го погоди веста дека здравствената состојба на Брус Вилис е лоша. Имено, еден од најдобрите акциони херои се повлече од светот на филмот, на кој му беше дијагностицирана афазија , а потоа и деменција. Неговата поранешна партнерка Марија Браво откри детали за неговата здравствена состојба.
На познатиот актер Брус Вилис најпрво му беше дијагностицирана афазија, болест на губење на способноста за зборување, а подоцна беше откриено дека боледува од ретка форма на деменција.
Ѕвездата на филмовите „Pulp Fiction“, „Armageddon“ и „Die Hard“, како што многумина тврдат, постојано е опкружен со семејството, сопругата Ема и ќерките, како и со поранешната сопруга Деми Мур. Сопругата на Брус, Ема често споделува детали на социјалните мрежи за борбата со која се соочува нејзиниот славен сопруг, а сега се огласи и поранешната девојка на Вилис, Марија Браво.
Брус и Марија се запознале во неговиот ресторан „Планета Холивуд“ и во текот на деведесетите биле во врска 2 години. Марија сега за медиумите откри дека на хуманитарен настан се зборувало за неговото здравје и дека потоа разговарала со сопругата на актерот.
– Тој е се полош и полош. Не е добро. Зборував со неговата сопруга Ема и, за жал, тоа е прогресивна болест. Му испраќам многу позитивна енергија и љубов, изјави Марија.