Неколку лица загинаа кога руска ракета погоди воен полигон во Украина, на повеќе од 100 километри од линијата на фронтот, соопштија денеска украинските воени претставници.
Нападот во саботата ги погоди припадниците на единиците на воениот полигон во областа Дњепропетровск, изјави главниот командант на украинските сили, Олександр Сирски.
„Како резултат на нападот со балистичка ракета „Искандер-М“ со фрагментирана муниција, има мртви и повредени“, додаде Сирски.
Според неофицијални информации на социјалните мрежи, загинале меѓу 30 и 40 војници, а 90 се ранети.
Официјални податоци за жртви не се објавени.