Брутален тип, шармантен како Аполо! Шеикот по кој лудуваат жените се капе во злато – тој е најмладиот син на најбогатиот човек на светот 

Шеикот Калифа на социјалните мрежи стана вистинска сензација привлекувајќи го вниманието на девојките ширум светот кои ја фалат неговата впечатливост и изглед, а неговиот профил стана омилен.

Шеикот Калифа бин Хамад бин Калифа Ал Тани, најмладиот син на поранешниот емир на Катар, е еден од најбогатите луѓе во светот , а жените се фасцинирани од неговиот изглед. 

Иако пред две години се повлече од мрежите, неговиот луксузен животен стил, полн со златни детали и скапи автомобили, се уште е во центарот на вниманието.

Со богатството на семејството Ал Тани проценето на 335 милијарди долари, тој е на деветтото место меѓу најбогатите кралеви во светот, додека богатството на Џеф Безос и Бил Гејтс е помало.

Тој пораснал во Доха, но поголемиот дел од својот живот го поминал во Лос Анџелес, каде студирал на Универзитетот во Јужна Калифорнија и се стекнал со диплома по јавна политика и дипломатија. Неговиот луксузен живот вклучуваше патување со приватен авион, престој во престижни хотели, како и чести посети на луксузни ресторани и казина. Редовно престојувал во Лас Вегас и резервирал ексклузивни домови за натпреварите на ЛА Лејкерс.

Калифа поседува колекција на луксузни автомобили 

Шеикот Калифа е познат по својата колекција на луксузни автомобили, вклучувајќи ги McLaren од 890.000 долари и LaFerrari од 1,5 милиони долари. Тој, исто така, поседува Bugatti Divo, Lamborghini Sian FKP 37 и Ferrari Monza SP2, а често се гледа како ги вози своите автомобили во Монако, Лондон и Лос Анџелес.

По завршувањето на студиите се вратил во Катар и станал офицер во внатрешните безбедносни сили. Тој беше назначен за член на Националниот совет за безбедност и командант на безбедносните операции за Светското првенство во фудбал во 2022 година, како и за претседател на фудбалскиот клуб Ал-Духаил СЦ.

Шеикот Калифа е многу приврзан за своето семејство, а особено за неговата мајка, Шеиха Моза, првата дама на Катар и претседател на Фондацијата Катар. На неговиот Инстаграм профил често има слики со членови од семејството, во опуштено, семејно опкружување. Интересно, се шпекулира дека шеикот бил вљубен во манекенката Бела Хадид, на која дури и предложил брак, но таа го одбила.