Израелската Армија уапси две сестри на лидерот на Хамас, Салех ал-Арури, кој беше убиен во Бејрут на почетокот на јануари.
„Окупаторската Армија ги уапси Далал и Фатима Ал-Арури, сестрите на Салех Ал-Арури, во саботата вечерта, откако извршија претреси во нивните домови во провинцијата Рамала и градот Ал-Бирех во централниот дел на Западниот Брег“, соопшти Амани Фарајнех, медиумски координатор Здружението на палестински затвореници за Anadolu Agency.
„Далал беше уапсена во нејзиниот семеен дом во градот Арура, северозападно од Рамала, додека Фатима беше уапсена во нејзиниот дом во населбата Ал-Шорфа во градот Ал-Бирех“, додаде тој.
Хезболах и палестинските фракции во Либан, од една страна, и израелската Армија, од друга страна, меѓусебно се напаѓаат од 8. октомври минатата година, еден ден откако Хамас го нападна јужниот дел на Израел од Газа.
Судирите ескалираа откако Израел го уби Салех Ал-Арури, заменик-шефот на политичкото биро на Хамас и шестмина негови членови во воздушен напад врз јужното предградие на Бејрут на 2 јануари. Израел, исто така, го уби воениот командант на Хезболах, Висам Тавил во воздушен напад на 9. јануари, гаѓајќи го неговиот автомобил во јужен Либан.