БРУТАЛНА ЗАКАНА ЗА АЛЕКСАНДАР ВУЧИЌ – Министерот за внатрешни работи на Косово со јасна порака до претседателот на Србија: “Ако дојдете, ќе ве уапсиме!“

Министерот за внатрешни работи на Косово, Џељаљ Свечља изјави дека безбедносната ситуација на северот на Косово никогаш не била подобра, пренесуваат соседните медиуми.

Џељаљ Свечља вели дека на север Владата на Косово се бори против криминалните групи, со што го обезбедува законот и редот.

Северот на Косово беше црна дупка во однос на законот и поредокот, степенот на уставноста. Ваквата ситуација ја видовме како неприфатлива, па радикално ја променивме. Веќе има функционални институции кои работат на обезбедување ред и мир и мирен живот за населението таму. Тоа се главните параметри што ги поставивме“, вели Џељаљ Свечља, и тврди дека промените се веќе евидентни.

Имаме полиција која ги извршува секојдневните обврски. Имаме многу добра соработка со граѓаните таму“, вели Џељаљ Свечља.

Во врска со изјавата на претседателот на Србија, Александар Вучиќ, дека наскоро ќе ја посети Грачаница, Џељаљ Свечља изјави дека ако го направи тоа без претходна најава, ќе биде уапсен.

Граѓаните на северот на Косово во една неодамнешна анкета истакнаа дека на север нема ништо слично на демократијата на Албин Курти и дека ситуацијата на терен го кажува спротивното од она што го тврдат приштинските власти.

Александар ВучиќКосовополитикаСрбијаЏељаљ Свечља