Брутална исповед на позната пејачка од 90-тите години: “Немав пари за кирија, а потоа ми дојде идеја… Сега повторно сум милионерка!“

Поранешната пејачка од бендот Atomic Kitten, 42-годишната Кери Катона, открива колку заработува на платформата за возрасни OnlyFans откако постигнала успех и го надминала успешно банкротот.

Познато е дека Кери Катона издржа бројни периоди на финансиски тешкотии откако стана позната со својот бенд во 1999 година. Таа сега тврди дека заработила повеќе од еден милион фунти од OnlyFans.

Да, заработив повеќе од тоа. Не можам ни да пресметам, милијардерка сум!“, се пофалила таа во интервју за The Sun.

Ќе се пофалам самата, повторно станав милионерка и повторно банкротирав, па повторно станав милионерка. Кој го прави тоа ?“, вели таа.

Кери Катона продолжува да се соблекува до нејзината долна облека за OnlyFans и инсистира дека ќе продолжи да создава таква содржина се додека има публика за неа.

Ќе снимам за OnlyFans додека заработувам пари, додека луѓето го сакаат тоа. Таму можете да најдете се, не се само млади, убави девојки. Ќе наполнам 43 години во септември и тоа е многу лесно. Може да бидам каде сакам и да заработувам пари… Или дури и да ги фотографирате вашите стапала. Зошто да не ?“, заклучува таа.

Покрај нејзината „кариера“ на OnlyFans, таа ги лансираше и модните брендови Marnie и M Fit. Нејзината заработка ѝ овозможила да си купи ламборџини од 180.000 фунти. Таа живее во вила вредна три милиони фунти во луксузно предградие, каде што живеат и ѕвезди од фудбалот, а имотот има базен и домашно кино. А таа тврди дека најмногу сака да им обезбеди на своите деца приватно образование.

животкариерапари