Висок функционер на украинската безбедносна служба беше убиен денес во Киев.
Полковникот Иван Воронич утрово шетал низ населбата Голосеев, кога непознат маж му се приближил околу 9 часот наутро по локално време и го застрелал додека ја преминувал улицата.
Потоа убиецот избегал од местото на настанот.
Убиецот носел црна маица и шорцеви. Се верува дека испукал пет куршуми во Воронич од пиштол со пригушувач, а потоа се свртел и избегал.
Полковникот Ворониќ починал од раните на самото место.
Идентитетот и мотивите на осомничениот остануваат нејасни.
Полковникот Воронич наводно бил виш оперативец во одделот на Центарот за специјални операции на СБУ.
СБУ издаде соопштение по убиството.
„Покрената е кривична постапка за убиството на офицер на СБУ во областа Голосеев во Киев“, беше објавено.
Тие додадоа дека ќе преземат сите мерки за што поскоро расветлување на ова кривично дело.