На мрежите се појави вознемирувачко видео од насилството, но подоцна беше избришано!
Поранешната учесничка на реалното шоу „Задруга“, Тара Симов, беше брутално претепана од нејзиниот сега поранешен партнер и татко на нејзиното дете Данило Раичевиќ. Видеото од грозоморното насилство старлетата јавно го сподели на социјалната мрежа Инстаграм каде откри дека со месеци трпела физичко и психичко малтретирање.
Имено, Тара и Данило со месеци се во центарот на скандал поради турбуленции во нивната врска. Нивните конфликти често беа изложени јавно преку социјалните мрежи, што предизвика големо внимание кај медиумите и нивните следбеници. Сепак, Симов по серијата скандали реши да ја отвори „Пандорината кутија“ и да покаже како нејзиниот партнер ја малтретира.
Како што може да се види во една од вознемирувачките видео содржини, Раичевиќ најпрвин психички ја малтретирал својата партнерка упатувајќи и низа навреди и на нејзина и на сметка на родителите.
– Ку*во распадната која се е*е за црта кокаин! Смрдливата ку*во распадната…Мајка ти е ку*ва, татко ти е пе*ер. Да ти ја е*ам целото болно семејство! Дали ти го разболувам семејството – викаше поранешното момче на Тара, додека во следното видео следуваше физички напад:
– Излези од мојот стан, излези од мојот стан! Еве, сега цела зграда ќе слуша што правиш… Излези од мојот стан – повтори поранешната задругарка, а Данило потоа ја удри неколку пати.
– Зошто ме удираш?! Излези од станот! Снимив се, види го кадарот, цела сум црвена… Немој брат! – врескаше Симов додека партнерот ја удираше.