Припадничката на воената полиција Ванеса Лобао (31) била брутално убиена пред нејзината куќа во Санта Круз, западно од Рио де Жанеиро.
Ванеса била распоредена во разузнавачката единица на 8-та станица, која ги истражувала врските меѓу полицијата и криминалците. Единицата инаку е подредена на Генералниот инспекторат на Воената полиција.
Млада полицајка е убиена пред нејзината куќа кога се вратила од теретана во петокот вечерта. Убијците со качулки излегле од црн автомобил и отвориле оган од автоматско оружје. Лобао била застрелана во автомобилот додека нејзиниот партнер преживеал.
Гувернерот на Рио де Жанеиро, Клаудио Кастро, бара брза и остра реакција од полицијата.
– Има докази дека напаѓачите се поврзани со корумпирани полицајци кои биле прогонувани од Ванеса – изјави Кастро.
Министерот за правда и јавна безбедност Флавио Дино вети дека федералната полиција ќе помогне во истрагата.
– Жалиме за убиството на полицајката Ванеса Лобао во Рио де Жанеиро. Мојата солидарност е со нејзиното семејство и колегите. И’ наредив на федералната полиција да помогне во истрагите кои се во надлежност на државните органи – рече министерот.
Постарата сестра на Ванеса се огласи на социјалните мрежи и изјави дека ќе го даде животот за неа.
– Умрев кога ми рекоа дека те нема! Засекогаш ќе бидеш љубовта на мојот живот, ќерка моја, мојата најдобра пријателка, твојата лојалност никогаш нема да биде заборавена. Овa e kукавичлук… Еве зошто ми крвари срцето. Би го дал животот за да живееш ти наместо мене – напиша Андреза Лобао.
Од почетокот на годинава во Рио де Жанеиро се убиени 52 припадници на безбедносните служби . Меѓу нив има и 46 воени полицајци.
Ванеза Лобао работел во полиција 10 години.