Маж (33) брутално ја убил својата обична сопруга (30) во Бачки Градиште, кај Бечеј. Како што е познато, тој на невенчаната сопруга и нанел еден убод во градите.
-Од силината на убодот, ножот пукнал, а сечилото останало заглавено во градите на жртвата. После две минути, таа длабоко издиша и почина – вели очевидец.
Според извештаите од местото на настанот, траги од крв има пред влезот во куќата, во дворот и на куќата на соседот. Припадници на МВР во Бечеј уапсија осомничен од белградско под сомнение дека сторил кривично дело убиство.
Како што се дознава, и двајцата живеат во Сурчин, а во Бачко Градиште дошле да ги посетат своите роднини. По убиството, осомничениот наводно се обидел да побегне, но полицијата набрзо го пронашла и го привела.
Нему му е одредена мерка притвор до 48 часа и со кривична пријава ќе биде изведен кај вишиот јавен обвинител во Зрењанин.