Тепачка на кошаркарски натпревар во Бугарија, нападнат поранешниот НБА кошаркар Карим Мане
Целосен хаос на натпреварот од бугарската лига помеѓу Левски и Шумен. Во средината на втората четвртина, искусниот играч на Левски, Златин Георгиев (38) почна да се пробива, младиот кошаркар на Шумен Веселин Бајчев го фаулираше, а Карим Мане (23) ја испружи раката за да спречи и кош и фаул. Не изгледаше ништо премногу сериозно или не покажуваше елементи на неспортско однесување.
Во тој момент започна хаосот. Георгиев ја зеде топката и ја фрли во главата на Мане а потоа се вклучија и останатите. Златин почна да го тепа Карим, сакаше тепачка, но за среќа интервенираа останатите и спречија ескалација на конфликтот. Георгиев веднаш беше исклучен, а интервенираше тренерот на Шумен, Србинот од Лесковац, Звонко Папак.
out of context Bugarska liga pic.twitter.com/fAJbKW4bov
— dijana (@______bumblebee) March 9, 2024
Бугарскиот портал „БГБаскет“ објави дека во нападот што му претходеше на Мане, тој имал одредени коментари насочени кон Георгиев и дека тоа е причината поради која тој ги загубил нервите. Без оглед на причината, тешко е да се оправда ваквото однесување.
Мане е роден во Сенегал, не беше избран на НБА драфтот во 2020 година, но доби шанса во Орландо. Тој не се докажа таму, па отиде во Развојната лига и го освои тоа натпреварување со филијалата на Лејкерс. Се испроба во уште неколку филијали на НБА клубови, играше за резервните тимови на Мемфис, Шарлот и Филаделфија, па реши да оди „преку океанот“ и да дојде во Бугарија. Инаку, тој има и канадско државјанство и играше на Светското првенство на ФИБА до 19 години во 2019 година, каде имаше просек од 11,7 поени, 4,4 скока и 3,1 асистенции по натпревар.