Пред два дена, експертот од Министерството за надворешни работи Жељазко Радуков беше претставен како дипломат предложен да биде нов амбасадор на Бугарија во Северна Македонија.
Тој треба да го смени досегашниот амбасадор во Скопје, Ангел Ангелов, чиј мандат истекува во јуни 2024 година, а предлогот го дава вицепремиерката и министерка за надворешни работи, Марија Габриел, пренесува desebg.com.Во
Во професионалната биографија на Жељазко Радуков која беше распространета во медиумите, тој е претставен како дипломат од кариера со искуство во повеќе области со земјите од Западен Балкан.
Во периодот 2010-2013 Жељазко Радуков беше распореден за трет секретар во бугарската амбасада во Скопје, каде што беше одговорен за парламентарната дипломатија; односи со политичките партии, бугарската заедница, невладиниот сектор и локалните власти, информативни активности за процесите во Северна Македонија и јавната дипломатија. Потоа кариерата ја продолжува во директоратот Југоисточна Европа во бугарското МНР, пишува Faktor.bg
Во периодот 2019-2021 година е распореден за прв секретар во Амбасадата на Република Бугарија во Белград, каде е одговорен за проблемите на бугарскиот бизнис и економската дипломатија, односите со организациите на бугарската заедница, не- владиниот сектор и политичките партии; информативна активност за процесите во Србија, Црна Гора и Косово, јавна дипломатија.
Од 2021 година, Жељазко Радуков е одговорен во бугарското Министерството за надворешни работи на Република Северна Македонија. Тој е претставен како личност која „има клучна улога во креирањето и спроведувањето на европскиот компромис од 2022 година, вклучително и во билатералните преговори за Протоколот од Вториот состанок на Меѓувладината комисија според чл. 12 од Договорот за пријателство, добрососедство и соработка со Северна Македонија, потпишан во јуни 2022 година“, се наведуваат причините за предлогот за негово именување здоставен до бугарскиот претседател.
Тој е и организационен секретар на Мешовитата комисија за историско-просветни прашања, чија активност, како што е познато, не постигна значителни резултати и практично беше блокирана.
Важен факт во биографијата на Жељазко Радуков е дека тој е син на друг дипломат – Захари Радуков, именуван за амбасадор на Бугарија во Минск, Белорусија во 2006 година за време на тројната коалиција (БСП, ДПС и НДСВ) од претседателот Георги Парванов, познат како агентот „ГОЦЕ“ на државната безбедност.
Токму во својство на амбасадор името на Захари Радуков, во декември 2010 година, беше откриено од Комисијата за досиеја како соработник на три различни сектори за државна безбедност.
Потоа Комисијата ги расчисти имињата на вкупно 192 високи функционери на Министерството за надворешни работи – амбасадори и генерални конзули – кои припаѓаат на државната безбедност или разузнавачките служби на БНА, а по скандалот владата на ГЕРБ одлучи на овие раководни позиции повеќе да нее именува лица кои работеле за тоталитарните служби на БКП, одлука која потоа станала државна политика.
Захари Радуков бил разоткриен како агент „КРАСИМИР“ на Третата управа на ДС (воено контраразузнавање од 1969 г.).
Дипломирал на Московскиот институт за меѓународни односи, насока меѓународно право (1975), а истата година бил назначен за приправник аташе во одделот „Договорен и правен“ на Министерството за надворешни работи, каде што ја започнал својата кариера како дипломат.
Од личното досие на Захари Радуков се дознава дека во периодот (1970-1975) кога бил студент во СССР, бил на чело на оперативната група на ДС во Москва и пренесувал информации за други студенти.
Во 1975 година како агент преминал во Втората главна управа на ДС (контраразузнавање).
Во 1980 година замина како трет секретар во постојаното претставништво на НРБ во ОН во Њујорк и беше предаден на раководството на Првата главна управа на ДС (разузнавање).
Две години подоцна, тој беше отповикан од САД. Тој беше исклучен од разузнавачкиот апарат на ДС во 1984 година.