БУГАРИЈА НЕ САКА ДА СЕДИ НА ИСТА МАСА СО РУСИЈА – Откако му го забрани летот, Марија Габриел не сакала ниту да го види Сергеј Лавров

Вицепремиерката и министерка за надворешни работи на Бугарија, Марија Габриел, го коментираше нејзиното рано заминување од Министерскиот состанок на ОБСЕ во Скопје пред пристигнувањето на првиот човек на руската дипломатија, Сергеј Лавров.

Не можам да бидам на иста маса со луѓе кои имаат антибугарски и антиевропски манифестации“, посочува таа.

Бев во Скопје да изразам почит на претседавачот со ОБСЕ. Покрај тоа, имаше вечера на европските лидери на која секој од нас требаше да каже дека сме таму затоа што не сакаме да ја потпишеме смртта на ОБСЕ. По таа вечера, мислам дека моето присуство таму не требаше да биде физичко, па затоа заминав. Не сакам да присуствувам со претставници на земји кои нè прогласија за непријателски“, изјави Марија Габриел.

Бугарија, иако претходно соопшти дека дава дозвола за прелет, сепак, не дозволи авионот на министерот за надворешни работи на Руската Федерација, Сергеј Лавров, на пат кон Скопје, да помине низ нејзиниот воздушен простор бидејќи во него се наоѓала и портпаролката на Министерството за надворешни работи, Марија Захарова, која е под санкции од Европската унија и САД.

Поради тоа, Сергеј Лавров во Скопје пристина преку Турција и Грција, а летот траел пет часа.

Пристигнувањето на Сергеј Лаворв на меѓународниот аеродром во Скопје

Официјална Москва ја нарече бугарската забрана „опасната глупост на некој шегаџија во структурите на моќ во Бугарија

БугаријаМарија ГабриелОБСЕполитикаРусијаСергеј ЛавровСкопје