Се очекува бугарскиот премиер Галаб Донев денеска да свика состанок во Советот на министри, на кој ќе учествува министерот за внатрешни работи Иван Демерџиев, како и претставници од Министерството за внатрешни работи и обвинителството, јави БТА.
Повод за средбата е експлозивната направа што вчера експлодирала во близина на автомобилот и колоната на главниот обвинител Иван Гешев додека се движела на пат кон Самоков. Во инцидентот нема повредени.
Формиран е штаб, а министерот Иван Демерџиев е во контакт со сите и е информиран за дејствијата што се преземаат, изјави Петар Тодоров, главен секретар во бугарското МВР. Во штабот се вклучени сите структури на Министерството за внатрешни работи, како и претставници на Националната служба за безбедност и Службата за национална безбедност.
Експлозија одекна вчера попладнето на пат во момент кога автомобилот на главниот обвинител на Бугарија, Иван Гешев и неговата колона се движела на патот од Самоков кон Софија.
– Главниот обвинител бил цел на убиство, изјави заменик-главниот обвинител и директор на Националната истражна служба Борислав Сарафов. Тој нагласи дека не станува збор за заплашување, туку за оби за атентат.
Сарафов извести дека…дошло до екстремно силна експлозија и дека од експлозијата е формиран кратер со длабочина од 30-40 см и дијаметар од близу 3 метри.
-Експлозивната направа очигледно била наменета да убие. Не била со намера да заплаши, рече заменик-јавниот обвинител. Во моментов, покренатата постапка од Кривичниот законик за терористички чин, рече Сарафов.