Во денешно време не е неопходно да се има талент за да се истакне и да се биде познат. Очигледно е дојдено и до тој степен што можеш да станеш популарен кога е изгледот во прашање, а на таа „карта“ игра Андреа Иванова, Бугарката која стана позната низ светот поради апетитот за естетска хирургија и зафати. Таа е популарна најмногу поради нејзините усни кои се сметаат за најголеми усни во светот.
По 43 успешни корекции на усните за кои платила повеќе од 20.000 евра, направила и четири хијалуронски инјекции во јаготките, поради усните кои и’ го „спуштале“ лицето. За вбризгување хијалурон во јаболчниците платила околу две илјади евра, а за корекции не ги поштедила ниту градите.
Од 2018 година работи на својот изглед со пластични хирурзи, а наведува и дека нејзиниот изглед привлекол многу мажи кои сакаат да ја финансираат. Сепак, таа еднаш изјави дека ја бара вистинската љубов, но таа никаде ја нема на повидок.
Сега повторно успеа да го привлече вниманието кон себе, кога реши да плати нова инјекција со хијалуронска киселина, како подарок за претстојните празници. Покрај оваа идеја, за неа се зборуваше и неодамна, кога на површина излезе фотографија како тоа изгледало пред сите корекции.
– Колку беше убава пред сето ова. Срамота – се наведуваат најчестите коментари под нејзините стари фотографии.