Полициски службеници од ЕВР Центар и Бит Пазар денеска во 12:00 часот на автобуска постојка на бул. „Филип Втори Македонски“ во Скопје ја лишиле од слобода Ц.Б.(24) од Република Бугарија, која била фатена при извршување кражба кога од чанта на женско лице одзела паричник.
Како што информира МВР, кај неа освен тој паричник, бил пронајден уште еден паричник со лични документи и пари на женско лице од Скопје.
Ц.Б. била задржана во полициска станица и поцелосно документирање на случајот, во координација со јавен обвинител, против неа ќе биде поднесена соодветна пријава.