Бугарската влада го одобри нацрт-договорот со Северна Македонија за изградба на заедничкиот железнички тунел „Деве Баир“

Владата на Република Бугарија го одобри нацрт-договорот со Република Северна Македонија за изградба и работа на прекуграничниот железнички тунел „Деве Баир“, јавува бугарската агенција „БТА“.

Од таму велат дека ќе се формира мешовита комисија и за текстот на договорот ќе се разговара со страната на РСМ.

Според „БТА“, целта на договорот е да се разјаснат обврските и роковите за изградба на пругата меѓу Бугарија и Северна Македонија.

„Министерството за транспорт и врски како страна на договорот предлага двете страни да преземат реални активности за реализација на објектот на железничкиот тунел кој е железничка врска меѓу две соседни земји.

Изградбата на стратешки транспортен Коридор 8 е предуслов за комерцијална и индустриска размена, како што е на билатерална основа меѓу Бугарија и Република Македонија, така е и за земјите од регионот“, се вели во соопштението на бугарската влада.