Веселата екипа беше на пат кон Дортмунд и дотогаш веќе имаше поминато 1.000 километри.
Полицијата во германската покраина Северна Рајна Вестфалија запрела од сообраќај стар „форд транзит“ со брачен пар и уште четворица патници.
Според полицијата, возилото било запрено при сообраќајна контрола на патот А45 во Лиденшајд.
Веселиот тим беше на пат кон Дортмунд и дотогаш веќе имаше поминато 1.000 километри.
Набрзо стана јасно дека техничката состојба на комбето е далеку од идеална.
При вештачењето се покажало дека состојбата на возилото е опасна по живот: течела течност за сопирачките, едната оска била напукната, а ‘рѓата веќе се проширила на добар дел од подот.
Како што дознале полициските службеници, „Форд“ пред две години го исклучил од сообраќај германскиот ТУВ поради сериозни дефекти и други недостатоци.
Тогаш возилото очигледно било регистрирано во Бугарија и по заобиколен пат се вратило по германските патишта.