Бурата Киран која денес ја погоди западна Европа однела најмалку шест животи, меѓу кои и петгодишно дете во Белгија, и предизвикала хаос во сообраќајот – затворање на аеродроми и откажување на бројни летови.
Падови на дрвја по моќни налети на ветер ја предизвикале смртта на сите шест лица: Две во Белгија и по едно во Шпанија, Франција, Германија и Холандија.
Поради бурата делумно бил прекинат железничкиот сообраќај во Фландрија, а возовите во Белгија возеле со намалена брзина. Поморскиот сообраќај е прекинат во Анверс, а сообраќаен хаос уследил и на аеродромот во Брисел, со откажани летови и големи доцнења.
Покрај едното загинато лице, на северот на Франција во бурата биле повередени 16 луѓе, меѓу кои и седум пожарникари. Во Франција без струја останале околу 1,2 милиони домаќинства, најмногу во Бретања, 780.000. Невремето тешко го погодило и југот на Англија, поради што се бродски и траектни линии од Довер. Затворени се и околу стотина училишта.
На островот Џерси огласена е црвена тревога поради ветровите кои дувале со 160 километри на час. Откажани се сите летови од аеродромите. Во Холандија на сила е портокалова тревога, со ветрови кои достигнувале до 110 километри на час. На амстердамскиот аеродром Шипол откажани се околу 200 летови.
Во западна Франција до петок е затворен железничкиот сообраќај, а брзите возови “TGV” меѓу Париз и Ле Ман и Париз и Нант исто така не возат. Вчера вечерта во Бретања биле забележани ветрови од 200 километри на час.
Во Шпанија од невремето најмногу била погодена Галисија, како и Баскија, каде се измерени бранови со висина меѓу 8 и 9 метри.