БУРА ЈА РАЗОРУВА ХРВАТСКА: Налети на ветер од 140 км/ч, вклучен црвен метео аларм

Не ја исклучуваат можноста за прекин на сообраќајот и снабдување со електрична енергија
На автоматската мерна станица Призна кај Сењ утринава се измерени удари од над 140 км/ч, па во Хрватска се уште е на сила највисокото предупредување за ветер, особено во областа под Велебит.

Портокалово предупредување е на сила за остатокот од брегот поради силна и бурна бура, каде се очекуваат налети кои би можеле да надминат 120 км/ч.

Државниот хидрометеоролошки завод ги предупреди граѓаните да бидат подготвени за прекини, оштетувања на објекти и ризик од повреди поради откорнати дрвја, скршени гранки и летечки отпад.

Не ја исклучуваат можноста за прекин на сообраќајот и снабдување со електрична енергија.

Поради силниот ветер можни се ограничувања за одредени групи возила на патните правци во подрачјето на Подвелебит.