Кара Делевињ и Леа Мејсон потврдија дека се во врска
Новак Ѓоковиќ го одигра продолжението од својот меч против Хуберт Хуркач кој на крајот го доби во четири сета, но видовме и една исклучително интересна ситуација на трибините за која пишуваа светските медиуми.
Имено, бројни познати личности го следеа мечот на најдобриот тенисер против Полјаците, а меѓу другите на трибините се појавија и познатата манекенка Кара Делевињ и нејзината девојка Минке, чие вистинско име е Леа Мејсон .
Веќе беше познато дека двете се во врска, но тоа не го открија до денешниот натпревар на кој присуствуваа заедно. И не само тоа, тие не го избраа ниту времето, ниту местото, туку се препуштија на страсните прегратки и бакнежи, кои сега го обиколуваат интернетот.
Новак успеа да обезбеди пласман во четвртфиналето, а нема дилема дека Кара и Минке одлично се забавуваа на трибините на Централниот терен во Ол Ингланд клубот.
Како тоа изгледаше можете да погледнете во галеријата во самата вест.