Министерот за надворешни работи, Бујар Османи рече дека во моментот кога ќе се гласаат за уставните измени и ќе се обезбеди европска иднина за граѓаните, тогаш земјата ќе оди на избори.
„Сите барања на опозицијата ги исполнивме едно по едно. Бараа гаранции, ги имаат и од меѓународната заедница, побараа излез на ДУИ од Владата, ја имаат и одлуката која стапува на сила по гласањето“, рече Османи.
Според него, во овие важни моменти секој мора да покаже одговорност.
„ДУИ го направи својот чекор и очекуваат секоја политичка партија да ги направи политичките чекори и да го обезбеди европскиот пат, а потоа ќе одиме на избори“, рече Османи.
Тој додаде дека најпатриотската работа што може да се направи денес е обезбедување на европската иднина на земјата.