Министерот за надворешни работи, Бујар Османи, денес од Брисел во интервју за МИА изјави дека е оптимист дека земјата навистина влегува во нова фаза и порача дека верува дека граѓаните ќе ја разберат важноста на моментот дека судбината на државите се одлучува на одредени моменти.
„Навистина сум оптимист дека сега влегуваме во нова фаза, при што топката е на наша страна и верувам дека граѓаните ќе ја разберат важноста на моментот дека судбината на државите се одлучува на одредени моменти, а ова е еден од тие мометни кога се одредува насоката на движење на државата, кога сме во пресвртна точка дали ќе влеземе во период на изолација или во период на забрзана инетеграција во ЕУ“, изјави Бујар Османи.
Сега, вели Бујар Османи, одговорноста е на секој од нас, на секој политичар, секој пратник и секој граѓанин.
„Доминантниот став е дека има несекојдневно поместување на позицијата на ЕУ за потребата од проширување. За жал требаше да се случи војна, за да ја потикне таа свест, но таа свест е тука. Ставот е дека не знаеме колку ќе траа таа отворена врата и затоа е важно секој да го препознае моментот“, истакна Бујар Османи.
Тој нагласи дека сите овде во Брсиел порачуваат дека сега е моментот и геополитичкиот конеткст што треба да го искористиме, бидејќи не знаеме кога повторно ќе се создаде ваков амбиент.
„Тоа сега ја прави нашата одговорност уште поголема да стигнеме до секој дом и до секој граѓанин и да им кажеме што претстои ако го избереме едениот правец, а што ако го избереме другуиот правец“, додаде Бујар Османи.
Првиот човек на дипломатијата потенцира дека неговата денешна посета на главниот град на Белгија имаше три дела, при што основна тема беше приемот по повод 8. септември, што се организира секоја година низ дипломатската мрежа, а годинава тоа се прави во Брисел и Вашингтон.
„Втората тема беше НАТО и средбата со генералниот секретар Јенс Столтенберг со кого разменивме инфромации во однос на руската агресија на Украина и улогата на Северна Медонаија во поддршката на земјата, а преку мојата улога како претседавач на ОБСЕ разгоравме и за соработката и разменивме инфромации меѓу ОБСЕ и НАТО“, додаде Бујар Османи.
Тој потеницира дека не помалку важна беше и третата тема на средбите во Европскиот совет и презентацајата во тинк тенк организацијата Центар за европски политики каде го презентираше нашиот концеп – повеќе интерграција пред членство, како начин на задржување на кредибилитетот на Европската Унија преку бенефити, што ќе ги почувствуваат граѓаните пред самото челнство во ЕУ.
„Тоа не е некаков алтернативен аранжаман и сме се погласни од моментот кога Шарл Мишел рече дека 2030 е годината кога стануваме земја членка. Сега прашањето е како до 2030 ? Нам ни е многу важно до 2030-та полека да се интегрираме на европскиот пазар, да имаме пристап до фондовите на ЕУ и да седнеме на масата каде што креираат политики“, додаде Бујар Османи.
Според него, овој наш концепт веќе има сериозен одек и тоа не само кај лидерите на ЕУ, што денеска беше потврдено и од претседателката на Европската комсиија, Урсула фон дер Лајен во годишното обраќање пред Европарламентот.
Во однос на забелешките од Брисел за измените на Крвичниот законик, Бујар Османи нагласи дека и денеска на средбите објаснил оти тие промени се во рамки на усогласувањето со европската легислатива, при што одредени измени што беа предмет на јавната дебета не се од сега, туку се провлекуваат со години како прашања што отстапуваат од еврокото право и како тврди решенија кои не даваа можност за имплементирање на правната држава поради ригидната поставеност на одредбите од Кривичниот законик.
„Сега според објаснување на сите експерти, со измените Законот станува пофлексибилен и подинамичен и се става фокус на незаконски стекнатиот имот, но и дава можност судиите побрзо да ги завршат предметите. Сето тоа ќе доведе до една нова динамика во судството која ја очекуваат граѓаните. Знам дека заради контекстот има конспиративни теории дека ова е поврзано со уставните измени. Но, не е поврзано со нив, туку е прашање кое се провлекува низ годините и ќе овозможи динамичност, флексибилност и брзи одлуки во судството, токму во интерес на владеењето на правото“, потенцира Бујар Османи.