Меган Фокс повторно шокираше со своето појавување на последниот настан во Њујорк, а беше невозможно да не се погледнат нејзините бујни гради кои ги истакна со длабоко деколте.
Овој пат Меган беше видена на настан во Њујорк, а актерката на црвениот тепих пристигна во црн фустан кој имаше проѕирен материјал на стомакот и рацете и беше невозможно да не се погледне нејзиното раскошно деколте.
Инаку, Меган во последно време ги загрижува своите фанови поради честите пластични операции на кои се подложува.
Познато е дека актерката се бори со психичко растројство – телесна дисморфија, поради што е преокупирана со својот физички изглед, а неколку пати признала дека цел живот не била задоволна од своето тело.
На многумина ќе им биде чудно бидејќи Меган отсекогаш важела за една од најубавите холивудски актерки, но таа не се гледа себеси така.
Таа пристигна на настанот со нејзиниот вереник , но парот не прошета заедно на црвениот тепих, што повторно започнаа гласини дека тие веќе не се согласуваат.
Да потсетиме, неодамна се шпекулираше дека нивната љубов завршила поради измама, но парот ги демантираше сите гласини и продолжува да има континуирани изливи на љубов на јавни настани, што многумина го сметаат за невкусно.
Минатата година Машин ја запроси Меган, а наводно се заљубиле на прв поглед кога заедно го снимале Midnight in the Grass, а таа набрзо потоа поднела барање за развод од актерот Брајан Остин Грин, со кој има три деца.